Trgo24

За Нас

Добредојдовте на Trgo24, вашата нова платформа за купување и продавање на „secondhand“ производи и услуги во Македонија. Ние сме посветени на создавање на доверлива средина каде што купувачите и продавaчите можат да се поврзат и да ги реализираат своите трговски цели со леснотија и безбедност. Cе стремиме да ја подобриме постојната македонска re-commerce сцена и да создадеме меѓународен бренд!

Нашата Визија

Во Trgo24, нашата визија е да станеме водечки лидер во купување и продавање на „secondhand“ производи и услуги во Македонија и пошироко, со постојано подобрување на нашите услуги. Сакаме да бидеме ваш прв избор за онлајн re-commerce трговија, нудејќи техничка иновација на светско ниво, квалитет и врвна корисничка поддршка. Нашата цел е да се прошириме и да создадеме меѓународен бренд што ќе постави нови стандарди во онлајн ре-комерц трговијата.

Нашата Мисија

Нашата мисија е да креираме интуитивна и сигурна re-commerce платформа која ги задоволува потребите на современите купувачи и продавачи. Разбираме дека ре-комерцот игра клучна улога во денешното општество, особено во услови на инфлација и зголемување на цените. Затоа, сме посветени на тоа да му помогнеме на општеството да ги најде најдобрите понуди, со што ќе заштеди пари и истовремено ќе придонесе за заштита на животната средина. Сакаме да создадеме место онлајн каде што можете да пронајдете широк спектар на производи и услуги во пријатна и сигурна средина.

Што Нè Разликува

Интеракција со Корисници: Trgo24 активно се консултира со корисниците за да ги реши нивните фрустрации и да ги оствари нивните желби. Исто така, ги наградуваме нашите корисници за нивната активност и ангажираност преку редовни наградни игри и интерактивни промоции. Вашето учество е важен дел од нашето подобрување. 

Кориснички интерфејс/Корисничко искуство (UI/UX): Нашата платформа нуди интуитивен интерфејс кој ја прави навигацијата лесна и едноставна, а огласувањето и пребарувањето на производи и услуги е брзо и ефективно. Trgo24 е платформа изработена според најсовремени и безбедни технички стандарди.

Безбедност и Доверба: Безбедноста на нашите корисници е наш приоритет. Постојано ја следиме платформата и ги применуваме најдобрите практики за да ја осигуриме вашата приватност и безбедност.

Поддршка на Корисници: Нашиот тим за поддршка на корисници е секогаш тука да ви помогне. Дали имате прашања, потреба од помош или сакате да пријавите проблем? Контактирајте не, и ние ќе се погрижиме за вашите потреби.

Цена: Нашата платформа е бесплатна (со фер лимит на бесплатни огласи); постојачките платформи наплаќаат за секој оглас поставен или веднаш пред самата регистрација на профил.

Тип на Огласи и Услуги: Trgo24 се фокусира на привлекување како национални, така и интернационални огласи, што овозможува поширок спектар на понуди. Покрај тоа, нудиме разновидни услуги и постојано ги прошируваме во согласност со желбите на нашата заедница, осигурувајќи дека нашата платформа останува во чекор со потребите и барањата на корисниците.

Ви благодариме што сте дел од Trgo24. Ве охрабруваме да истражите, да купувате и да продавате со доверба на нашата платформа. За сите прашања или предлози, слободно контактирајте нè.

Контакт

Trgo24 uvoz-izvoz DOOEL Bitola 

ул. Dame Gruev 56-A 

7000 Bitola 

EMБC: 7751710 | EДБ: 4002024572991 

Е-mail: info@trgo24.com