Правила за Огласување
Огласување за физички лица
Секое физичко лице над 18 години има право на објавување на свој оглас на Trgo24. Огласот се поднесува како оглас од физичко лице само доколку тоа физичко лице ја презема одговорноста и има право да склучува договори за купување и продавање на предмети според правилата и законски прописи во Македонија. Trgo24 го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на физичко лице.
Огласување за претпријатија
Секое претпријатие што е регистрирано во Македонија и надвор од неа, има право на објавување на огласи на Trgo24. При нарачувањето на оглас, секое претпријатие е должно да наведе податоци за идентификација и верификација на регистрираниот профил. Потребна е тековна состојба од Централен Регистар или доказ за упис во соодветен регистар на дејност.
Сопствена одговорност за содржината
Корисниците се обврзуваат да даваат исклучиво вистинити податоци во внесениот оглас. Trgo24 го задржува правото за промена, дополнување или бришење на било кој дел од страницата или на целата понуда без претходно известување, како и за времено или трајно запирање на објавата. Одговорноста за содржината на огласите, сликите, видео-клиповите, профилите или другите прилози лежи исклучиво кај авторите.
Не е дозволено собирање лични информации без согласност од корисниците. Исто така, не е дозволено копирање, менување или проширување на содржини на туѓи огласи. Доколку забележите било каква злоупотреба, ве молиме веднаш да не известите за да превземеме соодветни дејства.
Категоризација
Вашиот оглас треба да биде ставен во категорија која најдобро го опишува вашиот производ/услуга. При избирање на категорија, имајте предвид:
Вашиот оглас ќе биде одбиен доколку не е во соодветната категорија.
Забрането е огласување на предмети од повеќе категории во еден оглас. Потребно е да ги разделите според соодветните категории.
Предметите кои се огласуваат мора да бидат во соодветниот тип на оглас (продажба, издавање).
Не е дозволено да внесувате повеќе од еден предмет во еден оглас. Администраторите имаат право да избришат.
Без двојно прикажување на огласите - Дупликати
Огласот се дава само еднаш и само на локацијата на понудата или побарувачката. Вашиот оглас се појавува на одбраната локација и рубрика и може да се најде преку регионално и национално пребарување. Повеќекратно давање оглас со идентична содржина – вклучително и во различни региони и рубрики – не е дозволено. Овие правила важат исто така и за огласи кои се разликуваат преку слики и формулации, но содржински се идентични.
Не е дозволено да објавувате повеќе од еден оглас за ист производ или услуга повеќе од еднаш. Огласите кои имаат иста содржина ќе бидат избришани.
Линкови и препораки
Не е дозволено да ставите линк или препорака кој води до друга веб страница за огласување или аукција. Линковите се дозволени само ако се однесуваат на спецификациите на производот или услугата која ја огласувате. Trgo24 не ги поддржува ставовите и гледиштата објавени на страниците до кои водат линковите.
На Trgo24 може да се најдат линкови до други веб сајтови кои не се наша сопственост. Ако корисникот ги посети таквите страници, треба да ги почитува прописите за заштита на податоци и други упатства. Trgo24 не презема одговорност за стандардот на заштита на податоци и обработка на лични податоци на други компании. Нашата одговорност се однесува само на податоците кои ги оставате на нашата веб страна.
Спам, измама, злоупотреба
Trgo24 не толерира спамови, што значи не е дозволено објавување на исти прилози во повеќе категории. Ако сте вознемирени од спамови, контактирајте не на: info@trgo24.com.
Слики и видео клипови
Правила за прикачување на слики и видео:
Тие треба да бидат во согласност со производот или услугата која ја огласувате.
Не е дозволено да се користат во повеќе од еден оглас истовремено.
Сликите не смеат да содржат лого на компании, имиња на компании, веб страници или друга информација која може да се толкува како бизнис маркетинг освен во категоријата работа.
Не е дозволено да се превземаат слики и видео клипови од други огласи без дозвола на огласувачот.
Не е дозволено да се користат слики или видео клипови кои содржат материјал со авторски права.
Нелегални производи и услуги
Trgo24 има одредени забрани за тоа кои стоки и услуги не смеат да се огласуваат. Производите или услугите кои според законите и прописите во Македонија се дефинираат како нелегални нема да се објават.
Недопуштени содржини на Trgo24 се:
Рекламирање на други интернет страници и фирми, особено веб страници за мали огласи, продавници за е-трговија, аукции на интернет.
Објавување и огласување на било каква забранета содржина според законите на Македонија.
Содржини кои се сметаат за вознемирувачки или заканувачки кон други корисници.
Огласи за нелегални производи, дрога, наркотици, оружје, пиратерија, нелегален софтвер, нелегални DVD/CD, проституција, или било каков вид на материјал кој има авторски права.
Огласи за финансиски пирамиди, криптовалути, лажни фондови, фиктивни аукции.
Инвестиции, хартии од вредност, особено акции.
Кредити, заеми и финансиска поддршка без целосен податок за домашната адреса на кредитната институција.
Огласи за работа од дома кои не cе регулирани и имаат за цел да доведат до злоупотреба на лични податоци.
Очигледно несериозни и недоволно опишани понуди за работа.
Платени телефонски броеви како и СМС услуги.
Наплатливи телефонски услуги или упатување на комерцијални еротски страници.
Огласи кои содржат вируси, црви или друг вид на злонамерен софтвер.
Натпревари, обложувања од секаков вид, вклучително и лото и други игри на среќа.
Огласи co навредлива содржина упатена кон етнички групи, физички лица или јавни лица.
Огласи кои споменуваат историски имиња или имиња на етнички групи.
Огласи кои содржат слики и видео со навредлива содржина.
Нелегални огласи, кои го загрозуваат или повредуваат правото или здравјето на трета страна.
Порнографија, вклучително порнографски и опасни за младината списи и предмети.
Понуди за проституција.
Контакт огласи во име на трета страна.
Известување за неправилности и сомнежи за измами или корупција.
Украдени, фалсификувани или неодобрено копирани предмети од било каков вид, тука се вбројуваат и пиратериски продукти.
Лекови кои се издаваат на рецепт, фалсификувани лекови или лекови за кои постои основано сомнение дека се фалсификувани.
Дроги и стимуланти во рамките на законските прописи
Радиоактивни супстанци, отрови, пиротехнички производи, експлозиви, како и други хемикалии штетни по здравјето
Човечки органи, крв и други телесни течности
Оружје во поглед на законот на оружје
Службени униформи и пасоши од безбедносни области
Продукти со ознаки на противуставни организации
Оружје
Според Законот за оружје во Македонија, потребна е дозвола за поседување на оружје. Легитимниот сопственик на оружјето мора:
Да не информира за неговото легално поседување со доказ. Контактирајте не преку e-mail на info@trgo24.com
Да наведе во текстот на огласот дека е потребна дозвола за поседување на оружјето
Нереални понуди
Trgo24 го задржува правото за одбивање на огласите што содржат нереални понуди.
Контакт
Trgo24 uvoz-izvoz ***** Bitola
Ул. Dame Gruev 56-A
7000 Bitola
EMБC: 77517** | EДБ: 4002024572991
Е-mail: info@trgo24.com