Често поставувани прашања (ЧПП)
Како да се регистрирам на платформата?
Со е-mail адреса. Најавата може да се меморира со клик на копчето „запомни ме“ или користење на опцијата продолжи со Google.
Чекори за регистрација со е-mail адреса
Приватни Лица
Кликнете на копчето „Регистрација“ кое се наоѓа во горниот десен агол
Внесете ја вашата е-mail адреса, лозинка, потврдете лозинка, кликнете на копчето за прифаќање на условите на користење и за примање ажурирање од trgo24 (опционално), а потоа кликнете на „Регистрирај се“
Доколку регистрацијата е успешно завршена, на екранот ќе се појави порака и истовремено ќе ви биде испратен е-mail
По успешната регистрација, треба да го отворите е-mail-от што е испратен на е-mail адресата што ја имате наведено при регистрацијата, потоа притиснете го копчето „Потврдете го вашиот е-mail“
Откако ќе го притиснете копчето „Потврдете го вашиот е-mail“, автоматски ќе бидете пренасочени на вашиот нов профил на trgo24
Како Компанија
Кликнете на копчето „Регистрација“ кое се наоѓа во горниот десен агол
Кликнете на линкот „Регистрирај се како компанија“ кое се наоѓа долу под копчето „регистрирај се“
Внесете правно име на компанијата, број на регистрација на компанијата, даночен број, адреса на регистрираната компанија и дополнителен опис за индустрискиот сектор на компанијата
Внесете ја вашата е-mail адреса, лозинка, потврдете лозинка, кликнете на копчето за прифаќање на условите на користење и за примање ажурирање од trgo24 (опционално), а потоа кликнете на „Регистрирај се“
Доколку регистрацијата е успешно завршена, на екранот ќе се појави порака и истовремено ќе ви биде испратен е-mail
По успешната регистрација, треба да го отворите е-mail-от што е испратен на е-mail адресата што ја имате наведено при регистрацијата, потоа притиснете го копчето „Потврдете го вашиот е-mail“
Откако ќе го притиснете копчето „Потврдете го вашиот е-mail“, автоматски ќе бидете пренасочени на вашиот нов профил на trgo24
Честитки, успешно комплетирана регистрација!
Што добивам со регистрацијата?
Бесплатната регистрација ви ги нуди следниве бенефити:
Способност за креирање на личен профил
Способност за верификација на личен профил што овозможува да станете продавачи, односно да објавувате огласи
Чат интеракција со други корисници
Оценување на продавачите
Способност за креирање персонализирана листа на омилени огласи
Дали регистрацијата е задолжителна?
Не е задолжителна, но регистрираните корисници имаат пристап до дополнителните бенефити.
Чекори за бесплатна верификација на профил
Бесплатната верификација ви ги нуди следниве бенефити:
Најавете се со вашиот регистриран профил
Кликнете на копчето профил во десниот горен агол
Кликнете на копчето верифицирај се кое се наоѓа во прозорецот на вашиот профил
Направете upload на документи за верификација (лична карта или регистрација на компанијата)
Кликнете на копчето поднеси по успешниот upload на документи
Чекајте одобрување од нашиот административен тим
Што добивам со верификацијата?
Способност да станете продавачи, односно да објавувате огласи
Значка (Badge) дека вашиот профил е верифициран, проверен и сериозен за да ги зголемите вашите продажби
Способност да управувате со вашите огласи (активација, промоција на огласи итн.)
Да си градите реноме како продавач преку добивање на позитивни рецензии
Оценување на купувачите и продавачите
Пристап до вашите фактури и преземање секое време
Дали верификацијата е задолжителна?
Верификација на профил е задолжителна доколку сакате да објавувате огласи.
Зошто мора профилот да се верифицира за да ставам оглас?
Верификацијата е заштитна мерка за намалување на ризикот од измами и заштита на корисниците на платформата. Така, оваа мерка придонесува за безбедноста, но и ја зголемува сериозноста на корисниците што објавуваат огласи.
Зошто морам да ги оставам мојот телефонски број и е-mail адреса?
Потребно е да се наведе телефонскиот број за да можат другите корисници да стапат во контакт со вас. Но, работиме на опција да се одвива комуникацијата само преку нашата платформа. Кога ќе ја приклучиме таа опција, нема повеќе да ги прикажуваме телефонските броеви.
Неопходно е да ја наведете вашата е-mail адреса, бидејќи е потребна за креирање профил, но и е потребна во случај да ја заборавите лозинката. Исто така, може да ви испратиме одговори на сите ваши прашања поставени.
Доколку сакате, на вашата е-mail адреса ќе ви испратиме и известувања за најновите ажурирања и промоции.
Како можам да ги ажурирам личните податоци на мојот профил и како можам да ја променам лозинката?
За да можете да ги ажурирате вашите лични податоци како регистриран корисник, треба да се најавите на вашиот профил, каде можете да ги ажурирате името и презимето, телефонскиот број и лозинка.
Чекори за ажурирање на податоци и промена на лозинка:
Кликнете на копчето профил кое се наоѓа во десниот дел горе
Кликнете на копчето измени профил кое се наоѓа во прозорецот на вашиот профил
Променете или изменете податоци
Зачувајте ги промените со кликнување на копчето „Зачувај“
Чекори за промена на лозинка:
Кликнете на копчето профил кое се наоѓа во десниот дел горе
Кликнете на копчето измени профил кое се наоѓа во прозорецот на вашиот профил
Кликнете на копчето промени лозинка
Дали е безбедно да платам со мојата платежна картичка?
Нашата главна задача е сите ваши податоци да бидат соодветно обезбедени. Затоа, Trgo24 соработува со безбедни и регулативно проверени технологии за наплата кои ги исполнуваат сите стандарди за безбедни плаќања. Trgo24 соработува со реномирана банка во Македонија која го нуди технолошкиот gateway за безбедно плаќање како сервис.
Како можам да се зачленам за да ги добивам најновите известувања од Trgo24?
Кликнете на копчето при регистрација на профил „Сакам да добивам вести, понуди и промоции од Trgo24“.
Копчето исто така може да го најдете во вашиот профил:
Кликнете на копчето профил кое се наоѓа во десниот дел горе
Кликнете на копчето измени профил
Таму со клик на toggle-от ќе ни дадете ваше одобрение
Како да воспоставам контакт со понудувачот?
На располагање ви ставаме телефонски број, преку кој со понудувачот можете да воспоставите директен контакт. Зделката си ја договарате со огласувачот директно. Кога ќе престанеме да ги прикажуваме телефонските броеви, ќе бидете информирани. Но, во тој момент ќе биде овозможено да комуницирате преку нашата платформа.
Како можам да го променам огласот?
Можете да ги промените сите податоци на вашиот оглас, на пр. насловот, цената, описот, сликата. Кога сте најавени со вашиот профил, кликнете во вашиот профил на копчето „управувај со моите огласи“.
Колку долго огласот останува онлајн?
Вашите огласи од категориите Пазар, Возила и Недвижности остануваат 90 дена на нашата веб-страна. Огласите за работа остануваат 45 дена онлајн. Огласот можете исто така и предвремено да го избришете или деактивирате. Секако, можете да ги продолжите или реактивирате огласите.
Како мојот оглас да стои најгоре?
Имате опции да го продадете побрзо вашиот производ и да купите функции за да го фиксираме вашиот оглас најгоре.
Ја заборавив мојата лозинка
Отидете на страната на Trgo24 кликнете на копчето најава и кликнете на линкот „заборавена лозинка?“. Внесете ја тука е-mail со која се регистриравте на Trgo24 и на која е испратен линкот за активирање. Сега ќе добиете е-mail со линк за да ја ставите новата лозинка, со која ќе можете да се најавите како и обично.
Каде е мојот оглас?
Во случај вашиот оглас по вклучувањето да не се појави на веб-страницата, можно е да настанале следниве грешки:
Вашиот оглас моментално се скенира или проверува од нашите администратори. Ова во некои случаи може да доведе до одложување до 24 часа.
Вашата реклама била прегледана од нашите администратори и отстранета, бидејќи не била во согласност со нашите принципи и услови.
Избришани можат да бидат огласи со забранета содржина или дупликати.
Не сте го сместиле огласот во соодветна категорија и нашата служба го преместила во правилната категорија.
Времето на траење на огласот е истечено и тој е автоматски деактивиран.
Ако во следните 24 часа по внесувањето на огласот, сè уште не е објавен, контактирајте не за да провериме што се има случено.