Политика за приватност
Почитувани потрошувачи,
Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа Политика за приватност. Со користењето на интернет платформата trgo24.com, се согласувате со оваа Политика за приватност и потврдувате дека ги разбирате условите под кои ги обработуваме вашите лични податоци и ги прифаќате истите.
Trgo24 Увоз-Извоз Дооел Битола ја почитува и заштитува приватноста на секое лице (корисници на платформата, потенцијални корисници, претставници на продавачи или други лица - во натамошниот текст колективно: „Лице или Вие“) чии лични податоци ги собира и обработува (во натамошниот текст: „Лични податоци“).
Собирањето, обработката и чувањето на личните податоци Trgo24 го врши во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 42/20 и 294/21) (во натамошниот текст: „Закон“).
Бидејќи сме свесни дека приватноста е важна за вас, ја усвоивме и објавивме оваа Политика за приватност, која дефинира кои лични податоци ги собираме, на кој начин, за каква цел ги обработуваме, како ги заштитуваме, колку долго ги чуваме и, конечно, кои се вашите права во однос на вашите лични податоци.
Оваа Политика за приватност ги опишува нашите практики во врска со собирањето на лични податоци, без разлика дали ги собираме директно од вас, од трети лица, за време на вашата посета на нашата платформа, преку ваша писмена или усна комуникација со нас или од други извори. Доколку имате прашања или сомнежи, слободно контактирајте не во секое време на e-mail: info@trgo24.com.
Ви благодариме за довербата!
Основни поими и Лични податоци обработени од Trgo24
Личен податок: Секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува.
Обработка на личните податоци: Секоја операција врз лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување, употреба, откривање, бришење или уништување.
Контролор: Лице кое ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци.
Обработувач на збирка на лични податоци: Лице кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
Корисник: Лице на кое му се откриваат личните податоци.
Согласност: Слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја за обработка на лични податоци.
Нарушување на безбедноста на личните податоци: Секое нарушување на безбедноста што доведува до случајно или незаконско уништување, губење, менување или неовластено откривање.
Посебни категории на лични податоци: Лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања, генетски податоци, биометриски податоци, здравствени податоци, или податоци за сексуалниот живот или ориентација.
Лични податоци за деца: Лични податоци на лица под 14 години.
Ние не собираме лични податоци од деца. Ние собираме лични податоци на лица над 18 години само заради користење на услугите на информатичкото општество, во согласност со член 12 од Законот за заштита на лични податоци.
Принципи на обработка на лични податоци
Законитост, правичност и транспарентност: Личните податоци ќе се обработуваат согласно закон, на правичен и транспарентен начин.
Ограничување на целите: Личните податоци ќе се собираат за конкретни, јасни и легитимни цели и нема да се обработуваат понатаму на начин што не е во согласност со тие цели. Натамошната обработка за цели на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели, во согласност со членот 86 став (1) од Законот, нема да се смета дека не е во согласност со првичните цели за кои се собрани личните податоци („ограничување на целите“)
Минимален обем на податоци: Личните податоци ќе бидат соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат („минимален обем на податоци“)
Точност: Личните податоци ќе бидат точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе ги преземеме сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени („точност“)
Ограничување на рокот на чување: Личните податоци ќе се чуват во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност со членот 86 став (1) од Законот, а со применување на соодветни технички и организациски мерки согласно со Законот, заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци („ограничување на рокот на чување“)
Интегритет и доверливост: Личните податоци ќе се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“)
Плаќање се врши со податоци кои поради безбедност при комуникацијата преку интернет се шифрираат со користење посебен протокол.
Од безбедносни причини вашата IP адреса ќе се евидентира во нашиот систем. Во случај на измама или злоупотреба истата IP адреса ќе биде доставена до надлежните органи. Секако Trgo24 исто така во истражна постапка најтесно соработува со властите.
напоменуваме дека електронските преноси на информации не се целосно безбедни и не можеме да гарантираме целосна заштита и безбедност на истите. Нашата компанија гарантира дека ќе ги превземе сите неопходни мерки за заштита на податоците кои ги добиваме.
Лични податоци што Trgo24 ги собира и обработува
Име и презиме
Адреса на живеење/адреса за достава
Пол
Датум и место на раѓање
Е-mail адреса
Мобилен/фиксен број
Даночен број (EMБC | EДБ)
Број на тековна сметка
Гласовни снимки при комуникација со нашите вработени
Фотокопија на личен документ
Други лични податоци наведени во Политиката за колачиња
Локација
Податоци на огласот
ИП адреса
Лични податоци доставени до Trgo24 без претходно барање од Trgo24
Начин на собирање лични податоци
Личните податоци се собираат директно од вас или од други лица, на пример:
Кога ќе регистрирате и верификувате профилот на нашата платформа
При користење на услугите на нашата платформа, на пример: наплата
Кога преземате содржини од нашата веб-страница
При пријавување на конкурс и испраќање на биографија
За време на вашата посета на нашата платформа
При пријавување за директен маркетинг (по пат на е-mail и/или по пат на телефонски пораки, како што се СМС пораките, пораки на whatsapp, viber и/или се регистрираш преку социјалните мрежи како Facebook и Instagram)
Постојат случаи кога можеби ќе бидат доставени лични податоци на трети лица, на пример, за испорака на промотивна понуда за која се смета дека може да биде интересна за некој што го познаваат. Во таков случај, ќе се смета дека лицето кое ги доставило податоците е овластено од тоа трето лице за таквото дејство, односно дека има согласност за такво дејство, и во никој случај нема да се сноси одговорност за обработката на личните податоци на трето лице.
Најави на социјални мрежи
Може да се случи да ги откриеш твоите лични податоци на Facebook, Google, итн., во согласност со условите за користење и политиките за приватност од страна на трети лица, и тие лица да ги пренесат личните податоци во структурирана, вообичаено користена и електронски читлива форма на нов оператор. Бидејќи тој пренос е направен од страна на трети лица, во согласност со нивните услови за користење и политики за приватност, ќе сметаме дека си дал согласност на тие лица да ни ги пренесат личните податоци. Така, ние нема да бидеме одговорни за обработка на личните податоци што ни се пренесени од страна на третите лица (Facebook, Google, итн.). Понатаму, од моментот кога ќе добиеме податоци од тие лица, ние ќе се сметаме за контролор и ние сме единствено одговорни за понатамошната обработка на Личните податоци. Целта за која ги обработуваме наведените лични податоци е да споделиме маркетинг информации за нашата платформа и нашите понуди и да ја регистрираме твоајта сметка на платформата. Наведените лични податоци ќе се чуваат во нашата база на податоци додека не ја отповикаш согласноста.
Цел на собирање и обработка на лични податоци
Регистрација и верификација на корисници
Извршување на платежни трансакции
Почитување на законските обврски на Друштвото/трговецот, односно заради остварување на законски права
Одговарање на прашања или различни барања
Подобрување на функционирањето на нашата платформа и нашата услуга
Испраќање известувања за директен маркетинг односно специјални и персонализирани понуди, новости, актуелни настани, новости и настани што ги организираме, промоции, програми за лојалност, учество во наградни игри, испраќање роденденски честитки, подароци (ваучер), etc.
E-mail и телефонска комуникација со корисници
Можен работен ангажман и контактирање во врска со можен работен ангажман (вклучувајќи и одржување на пракса)
Други цели дефинирани во Политиката за колачиња.
Правна основа за обработка на лични податоци
Во согласност со принципот на законитост, ние ги обработуваме твоите лични податоци врз основа на различни основи пропишани со закон, како што е следново:
Твојата согласност
Твоите лични податоци добиени врз основа на твојата согласност ќе се обработуваат и чуваат во нашата база на податоци се додека постои твојата согласност, односно додека твојата согласност не биде повлечена. Можеш да ја повлечеш твојата согласност за собирање, обработка и употреба на твоите лични податоци во секое време со отповикување на согласноста со електронско барање на e-mail: info@trgo24.com. Имај во предвид дека отповикувањето на согласноста не влијае на дозволеноста на обработка на Личните податоци врз основа на твојата согласност пред отповикувањето.
Извршување на обврски
Trgo24 собира лични податоци кои се неопходни за спосредување комуникација помеѓу корисницитe.
Исполнување на законските обврски согласно одредбите од Законот за заштита на потрошувачите и Законот за облигационите односи
До степен до кој обработката на лични податоци е неопходна за исполнување на законските обврски на Trgo24, односно обврските дефинирани со различни закони, основата за обработката на лични податоци е релевантната правна регулатива (на пр. Законот за заштита на потрошувачите).
Обработувачи и трети лица
Ние, исто така, ги откриваме личните податоци на одредени обработувачи, т.е. лица од трети страни: нашите поврзани страни на територијата на Република Северна Македонија, нашите вработени, маркетинг компании, компании за комуникациски услуги или компании за истражување на пазарот или задоволството на клиентите, даватели на ИТ услуги, државни органи. Дополнително, за да овозможиме функционирање на платформата, ангажираме други компании и поединци да извршуваат задачи во наше име и за наша сметка (испраќање пошта и e-mail, отстранување податоци што се повторуваат на списоците на потрошувачи, обезбедување помош за маркетинг, центар за повици, плаќање за купени производи/услуги, користење на услугите на давател на платежна услуга (Банка, испорака на ваучери). Наведените трети лица имаат пристап до Личните податоци потребни за извршување на задачи за кои се ангажирани, но не смеат да ги користат за други цели (ако ги користат за други цели, ќе се сметаат за независни контролори). Trgo24 нема да ги стави лични те податоци достапни на други обработувачи, односно трети лица, освен во случаите наведени во оваа Политика за приватност.
Период на чување на личните податоци
Податоците што Друштвото ги собира врз основа на законот како правен основ, е должно да ги чува онолку долго колку што е определено со конкретен закон или друг позитивен пропис (две години од денот на остварувањето на законски права, т.е. пет години од издавањето на фактура).
Податоците што ги собира Trgo24 врз основа на договорниот однос ќе ги чува се додека стe корисник на Trgo24, односно пет години од последната активност на нашата платформа.
Податоците обработени исклучиво врз основа на согласност се чуваат додека согласноста не биде отповикана, односно пет години од последна активност на нашата платформа (податоците од CV-то пет години од датумот на испраќање).
Права на лица во врска со обработката на лични податоци
Покрај правата веќе споменати во оваа Политика за приватност, како и другите права предвидени со Закон и други прописи во согласност со Законот, Лицето на кое се однесуваат личните податоци има право:
Да побара информации дали Trgo24 ги обработува неговите/нејзините лични податоци и да побара пристап до тие податоци
да побара исправка, дополнување или бришење на неговите/нејзините Лични податоци и право на приговор на обработката на податоците
да поднесе приговор до контролорот
правото на преносливост на личните податоци
Во случај да сакатe да ги остваритe вaшите права, ве замолуваме да испратите e-mail со барање на е-mail адресата: info@trgo24.com.
Постапка во случај на повреда на Личните податоци
Доколку повредата на личните податоци може да предизвика висок ризик за правата и слободите на лицето, ние сме должни, без непотребно одлагање, да го известиме Субјектот на лични податоци за повредата што настанала и се во согласност со Закон.
Во случај на повреда на личните податоци што може да предизвика ризик за правата и слободите на лицето, Trgo24 е должно да ја извести Агенцијата за заштита на личните податоци без непотребно одлагање или ако е можно во рок од 72 часа од сознание за повредата по електронски пат на incident@privacy.mk или на https://eprijavi.privacy.mk/.
Известувањето доставено до надлежниот орган ги содржи сите информации согласно Законот и релевантните подзаконски акти.
Пренос на лични податоци надвор од територијата на Република Македонија
Преносот на лични податоци во друга земја или меѓународна организација, без претходно одобрение, може да се изврши доколку се утврди дека таа друга земја/меѓународна организација обезбедува соодветно ниво на заштита, односно соодветни заштитни мерки, на личните податоци согласно чл. 50 од Законот за заштита на личните податоци, или, пак, истата е земја-членка на Европската Унија или Европскиот економски простор.
Правните лица на кои компанијата им пренесува лични податоци користат јавни облак (cloud) сервери лоцирани на територијата на Европската Унија. Овие земји се членки на Европската Унија со што преносот на лични податоци на територија на истите, согласно Законот за заштита, е непречен.
Линкови до веб-страници и услуги на трети страни
Нашата платформа може да содржи линкови до веб-локации на трети страни (Банка, итн.) Имајтe вo предвид дека ние не сме одговорни за собирање, користење, одржување, споделување или откривање податоци од трети страни. Доколку обезбедиш информации за веб-локации на трети страни и ги користитe тие веб-локации, ќе важат политиките за приватност и условите за користење на тие трети страни. Препорачуваме да ги прочитатe политиките за приватност на веб-локациите што ги посетуватe пред да испратитe лични информации.
Со кликнување на нашата спонзорирана реклама на Facebook, Google, Instagram, etc., ја прифаќаш можноста податоците за твојата посета на нашата платформа да бидат обработени од социјални мрежи доколку иматe сметка на нив. За да ја избегнетe оваа ситуација, советуваме прво да се одјавитe од корисничкитe сметки од овие социјални мрежи и дури потоа да кликнетe на врската на нашата платформа за да ја посетитe нашата платформа.
Trgo24 превзема бројни мерки на претпазливост со цел да ја заштити безбедноста на личните податоци на крајните корисници. При обработка и пренос на податоците се користи безбедносен протокол. Вашите податоци се зачувани на заштитни cloud сервери од Google, до кои има пристап само Trgo24. Доколку сакате повеќе информации за заштитната мрежа од Google, проверете ги нивните документации Шифрирањето на одредени чувствителни податоци се врши со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да сме сигурни дека вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на Trgo24. Следењето на безбедноста за трансакциите извршени со платежни картички, се врши од страна на системот на ХалкБанк АД, кој ја користи последната верзија на SSL технологијата за заштита.
Оваа Политика за приватност е достапна на нашата платформа. Доколку одлучиме да ја промениме нашата Политика за приватност, промените ќе бидат објавени и објавени на нашата платформа.
Контакт
Trgo24 uvoz-izvoz DOOEL Bitola
ул. Dame Gruev 56-A
7000 Bitola
EMБC: 7751710 | EДБ: 4002024572991
Е-mail: info@trgo24.com