Регистрација и Верификација на Trgo24
Добредојдовте на Trgo24! Овој водич ќе ви помогне да се регистрирате и верифицирате на нашата платформа, со јасни инструкции за процесите и придобивките што ги добивате. Регистрацијата и верификацијата на Trgo24 се целосно бесплатни!
1. Кој треба да се регистрира?
Поединци и компании: Сите кои сакаат да купуваат или продаваат производи на Trgo24.
За да разгледувате огласи: не ви е потребна регистрација, но доколку сакате да ги користите нашите функции, добивате новости, и да станете продавач ви препорачуваме да се регистрирате.
2. Зошто да се регистрирате, придобивки?
Пристап до сите функции: Регистрираните корисници можат да користат дополнителни функции како што се зачувување на омилени огласи, оценување на продавачи и комуникација со други корисници.
Зголемена безбедност: Регистрираните профили обезбедуваат поголема доверба и безбедност за сите учесници.
Прв чекор да станете продавач: за да станете продавач морате првин да се регистрирате и потоа да го верифицирате профилот.
Останете во тек со Trgo24: Добивајте новости за updates, наградни игри и многу повеќе.
Способност за креирање на личен профил
Оценување на продавачите
3. Каде да се регистрирате?
На официјалната веб-страница на Trgo24: Одете на Trgo24 и кликнете на копчето „Регистрирај се“ во горниот десен агол.
Инструкции за регистрација:
Одете на Trgo24 и кликнете на „Регистрирај се“.
Пополнете ги потребните информации (е-маил, лозинка и др.).
Прочитајте и согласете се со условите за користење.
Кликнете на „Регистрирај се“ и следете ги инструкциите за потврда на вашата е-маил адреса.
По успешна потврда преку вашата е-маил адреса ќе бидете автоматски пренасочени кон нашата платформа.
Верификација на профилот на Trgo24
1. Кој треба да се верифицира?
Сите регистрирани корисници: За да ја зголемите довербата и безбедноста на платформата, препорачливо е сите корисници да го верифицираат својот профил.
Огласувачи: За да може да поставите оглас мора да ви е верифициран профилот од нашиот администратор.
Компании огласувачи: Мора да се верифицираат и од трговскиот регистар на компанијата.
2. Зошто да се верифицирате, придобивки?
Поставување на огласи: Заради безбедносни причини само верифицирани профили можат да објавуваат огласи.
Зголемена доверба: Верифицираните профили добиваат повеќе доверба од другите корисници и можат да добиваат оценување и да си градат реноме како продавачи од доверба.
Повеќе можности: Верифицираните корисници имаат пристап до повеќе функции (на пример купување на промоции за огласите итн.)
Способност да станете продавачи: односно да објавувате огласи.
Значка (Badge): дека вашиот профил е верифициран, проверен и сериозен за да ги зголемите вашите продажби.
Способност да управувате со вашите огласи: (активација, промоција на огласи итн.)
Да си градите реноме како продавач: преку добивање на позитивни рецензии.
Оценување на купувачите и продавачите
Пристап до вашите фактури: и преземање секое време.
3. Каде да се верифицирате?
Во делот за профил: Пријавете се на вашиот профил на Trgo24 и одете на „Мој профил“. Таму ќе најдете опција за верификација.
Инструкции за верификација:
Пријавете се на вашиот профил на Trgo24.
Одете во делот „Мој профил“ и кликнете на „Верифицирај се“.
Следете ги инструкциите за верификација, вклучувајќи поставување на документи за идентификација.
Откако ќе го поднесете вашето барање за верификација, нашиот тим ќе го прегледа и ќе ве извести за статусот.
Со регистрација и верификација на Trgo24, ќе имате сигурно и безбедно искуство при купување и продавање на производи.
Контакт
Trgo24 uvoz-izvoz DOOEL Bitola
ул. Dame Gruev 56-A
7000 Bitola
EMБC: 7751710 | EДБ: 4002024572991
Е-mail: info@trgo24.com