Trgo24

Услови за користење

Сопственик и оператор на оваа платформа е Trgo24 uvoz-izvoz ***** Bitola (Trgo24).

Како корисник на платформата се изјаснувате дека сте ги прочитале условите на користење, целосно ја разбирате содржината, и се согласувате, без резерви и услови, со сè што е специфицирано на платформата.

Trgo24 има право да ги менува Условите на користење, како и содржината на платформата. Таквите промени ќе бидат објавени периодично на платформата и ќе стапат на сила на датумот на објавување. Секое регистрирано физичко или правно лице кое користи услуги на платформата се смета дека ги прифаќа Условите на користење и сите други информации објавени на платформата. Условите на користење се достапни на платформата и може да бидат прегледани од секое физичко или правно лице кое ја користи платформата.

Корисници

Со користење на услугите на платформата, корисниците потврдуваат дека се постари од 18 години, ги прочитале и разбираат Условите на користење, и ги прифаќаат без резерви.

Родителите или старателите на лица под 18 години се одговорни за следење и контрола на нивниот пристап до платформата, преземајќи мерки за спречување на користењето од страна на малолетници кога е потребно. Одговорноста за користење на платформата од малолетници паѓа на родителите или старателите.

Корисниците се обврзани да внесуваат целосни и точни информации на платформата. Тие потврдуваат за точноста на внесените податоци и се одговорни за било каква неточност или користење на информации од трети лица.

Правила и обврски за користење на платформата

  1. Платформата прикажува содржини поднесени од корисниците, без гаранција за нивната точност или безбедност. Trgo24 не сноси одговорност за содржините и нема обврска за надомест на штета во случај на било какви неправилности.

  2. Корисниците не смеат да копираат, дистрибуираат или комерцијално да ги користат содржините на платформата. Тие се должни да не нарушуваат лични и трговски права.

  3. Корисниците се должни да внесуваат точни информации и се одговорни за правните последици од своите активности.

  4. Trgo24 има право да користи и обработува информации од корисниците за маркетинг и статистички анализи. Корисниците прифаќаат дека Trgo24 може да ги сподели овие информации со трети лица за истражувачки и развојни цели, согласно законот за заштита на личните податоци.

  5. Секоја злоупотреба на платформата, вклучувајќи обиди за неовластен пристап, манипулација или саботажа на техничките системи, ќе биде санкционирана.

  6. Корисниците не смеат да објавуваат содржини кои ги нарушуваат законите или правата на други лица. Trgo24 го задржува правото да преземе правни мерки против корисниците кои ги прекршуваат овие правила.

  7. Trgo24 не сноси одговорност за штети предизвикани од прекин на услугата, загуба на податоци или други технички проблеми.

  8. Корисниците прифаќаат дека Trgo24 не е одговорен за директни или индиректни штети кои можат да произлезат од користењето на платформата.

Интелектуална сопственост

Софтерот и содржините на платформата се заштитени според Законот за авторски и уметнички дела. Сите права врз содржините, вклучувајќи глас, слика, текст, документи, идеи, know-how и други интелектуални и индустриски права, припаѓаат на Trgo24 или трети лица со договори со Trgo24.

Корисниците не смеат да менуваат, копираат, репродуцираат, преведуваат, објавуваат, пренесуваат или дистрибуираат содржини од платформата без претходна дозвола и наведен извор.

Корисниците кои поднесуваат содржина мораат да осигураат дека не ги нарушуваат правата на трети лица. Trgo24 го задржува правото да го суспендира пристапот на корисници кои ги прекршуваат овие правила или законите.

Други одредби

  1. Trgo24 го задржува правото да ги измени Условите на користење во секое време со објавување на платформата. Промените стапуваат на сила на датумот на објавување.

  2. Trgo24 се стреми да создаде пријатна и сигурна средина за купување и продавање, па затоа потребно е сите корисници да ги почитуваат наведените правила и политики. Доколку корисникот прекрши некое од правилата, Trgo24 го задржува правото за отстранување на неговиот оглас и деактивирање на неговиот профил.

  3. Trgo24 го задржува правото да ја прекине или суспендира регистрацијата на корисникот на Trgo24 во секое време, без писмено соопштение, ако истиот, според мислењето на Trgo24, не тргувал во согласност со условите на користење.

  4. Правилата и политиките на Trgo24 може да се менуваат со тек на време и со тек на развојот на нашата платформа. Препорачуваме редовно да ги проверувате овие правила за да останете информирани за сите промени и новини.

  5. Trgo24 не гарантира постојана достапност на веб страницата.

  6. Во случаи на виша сила, Trgo24 не сноси одговорност за задоцнувања или неизвршување на обврските. Виша сила вклучува природни катастрофи, војна, пожар, бунт, лоши временски услови, инфраструктурни и интернет прекини, електричен прекин и слично.

  7. При примена и толкување на Условите на користење, се применува македонското законодавство. Во случај на спор, надлежни се судовите и извршните канцеларии во Битола.

  8. Trgo24 и помага на полицијата, други овластени лица и страни со информирање за илегалните активности во огласите. Идентитетот на огласувачот или лицето ќе биде откриено и тоа единствено по барање на службено лице и надлежен орган.


Контакт

Trgo24 uvoz-izvoz ***** Bitola 

ул. Dame Gruev 56-A 

7000 Bitola 

EMБC: 7751710 | EДБ: 4002024572991 

Е-mail: info@trgo24.com